Електричните автомобили наскоро би можеле да се полнат безжично

Главната пречка за многумина да купат електричен автомобил (освен цената) е проблемот со полнењето на батеријата. Имено, во градовите сè уште нема доволно станици за полнење (нема потреба да споменуваме колку малку има кај нас), а малку е незгодно да се извлекува продолжен кабел од станот на, да речеме, на 10-ти кат до автомобил паркиран оддалечен неколку стотици метри.

Но, се чини дека производителите на електрични автомобили работат на решавање на ова. Според најновите информации, до крајот на годината на пазарот треба да се појават безжични полначи за автомобили, кои би функционирале според заеднички стандард.

Полначите би функционирале како безжични полначи за паметни телефони. Возачот ќе го донесе автомобилот до паркинг местото на кое има полнач и батеријата автоматски ќе започне да се полни. Нема потреба од кабли и приклучници.

МW веќе ја претстави својата верзија на безжичниот полнач за автомобили, кој клиентите едноставно можат да го постават на подот во своите гаражи и  така да го полнат својот електричен автомобил веднаш штом ќе го исклучи.

Но, иако Society of Automotive Engineers наскоро ќе претстави индустричски стандардот за безжични полначи на електрични автомобили, тоа не значи дека наскоро ќе се најдат на паркинзите низ целиот свет.

Сигурно е дека нивната инсталација нема да биде ефтина, барем на почетокот, па затоа ќе биде потребна поширока иницијатива и дополнителна поддршка за локалните заедници за да се донесе одлука за ваков потег.

Едно е сигурно. Тогаш кога ќе се појават, возачите ќе бидат најсреќни.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР