Избори на 5ти јули – Ако може да пазаруваме и седиме во кафани, можеме и на избори

о Куманово, беше одржана координација на Регионалниот изборен штаб и кандидатите за пратеници на СДСМ од втората изборна единица.

Оливер Спасовски најави дека единствен можен датум за избори во летото е 5 јули.

,,Нема дилема дека најважно за државата и за граѓаните е што поскоро да добиеме институции со целосна функционалност.

Од денеска почнуваат новите две недели вонредна состојба. Убедени сме дека по нивното завршување, вонредни состојби веќе нема да ни се потребни, затоа што најлошото е зад нас, а здравствениот систем има план и механизми за сите можни сценарија.

Во такви околности, изборите треба да се одржат во првиот можен рок, што поскоро. На граѓаните треба да им е јасно дека не е добро, ниту пак возможно, Владата бескрајно да ја има улогата и на извршна и на законодавна власт.

Одговорна политика е да се обезбеди работата и функционалноста на сите институции. И при тоа да се почитува устав и закон.

По сила на закон, изборите се на истекот на 22 дена после завршување на вонредната состојба. Тоа е единствената опција пропишана со закон и не постои никаков друг правен механизам.

Ако прецизно се одброи, тоа значи дека изборите ќе бидат на 5 јули – било какво пролонгирање не е можно, ниту од правен ниту од праведен аспект.

Секој термин за избори кој ќе навлезе во летниот период, ќе го загрози гласачкото право на граѓаните, зашто ќе го спротивстави со правото на одмор.

Избори после 5 јули ниту се правно возможни, ниту се праведни кон граѓаните – едноставно не бива избори среде летни одмори.

Од друга страна, избори на есен се опасна идеја по здравството и економијата. Државата не смее да продолжи да функционира со техничка влада и без Парламент, бесконечно или неодредено долго. Овие две инститиции мора да се во полн технички и политички капацитет, заради успешно справување со коронавирусот.

Секако дека ќе бевме посреќни доколку тој датум се одредеше со политички консензус, но, нема да дозволиме вечни преговори, а притоа граѓаните да ја плаќаат цената за саботажите на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, со ова последно продолжување на вонредната состојба, датумот за изборите се фиксира на 5-ти јули. Ги повикуваме сите партии, особено ВМРО-ДПМНЕ да преземат одговорни чекори и да бидат дел од решението, наместо да бидат извор на проблеми.

Изборите се неопходни за да продолжиме да се справуваме со кризата и колку побрзо ги направиме, толку подобро ќе бидеме подготвени за борбата која ни претстои. Тие се поважни за здравјето на граѓаните и од кафеаните, и од спортските натпревари, и од славите и веселбите. Ако можеме да пазаруваме секој ден во маркет и на пазар, да седиме во ресторан или на состанок под мерки на заштита, сигурно можеме да одиме на избори. Секој од нас има одговорност за после 5 јули граѓаните и државата добијат нов парламентарен состав и нова Влада со целосен легитимитет и одговорност. Тоа е важно и од здравствен, економски но и од демократски аспект.

Тврдењата дека изборите би го загрозиле здравјето на граѓаните, или дека треба да се одложуваат за наесен, се целосно нелогични. Државата, институциите, имаат капацитет согласно протоколите за заштита да обезбедат 100 проценти безбеден изборен ден.

За крај, сакам да нагласам дека свесни сме дека многу од граѓаните се загрижени за најновата здравствената ситуација. Овде сме да ве увериме дека нема простор за паника иако мора да знаеме дека вирусот не е за потценување.

Зголемувањето на бројките на заболени се должи на два фактора: саботажите и крајно неодговорното однесување на Наќе Чулев и неговиот ментор Мицкоски, а влијание има значително зголемениот обем на тестирање, како и олабавувањето на мерките заради потребата животот да продолжи а економијата да се рестартира.

Нашите здравствени експерти ја следат ситуацијата, нашите медицински капацитети се сериозно зголемени и подготвени да одговорат на секој предизвик.Затоа е важно секој од нас да продолжи да живее и функционира според новите протоколи за заштита. Истовремено, институциите имаат обврска да го санкционираат секое прекршување на мерките. Тие што не почитуваат мерки, без разлика дали се претставници на политички партии или не, мора да се соочат со санкции“-изјави техничкиот премиер, Оливер Спасовски, во Куманово..

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР