Изјава на носителите на листи во ИЕ 5: Потребни ни се избори час поскоро!

Носителите на листите во Изборната единица 5, Радмила Шекеринска и Јован Митревски, денес во Битола после координативната средба на регионалниот изборен штаб, повторно потенцираа за важноста на одржувањето на избори што побрзо.

Потребни ни се избори час поскоро, во првиот можен рок. Согласно новопрогласената вонредна состојба од 2 недели и согласно законските рокови, ова значи дека 5ти јули е точниот датум за да се одржат изборите.

Секое друго одлагање, без разлика дали се работи за крајот на јули или септември или октомври е неодговорно, опасно и штетно и за граѓаните и за државата, изјави носителката на листата Радмила Шекеринска.

Како одговорни поединци не смееме да дозволиме државата да продолжи со техничка влада, без парламент, со бројни шанси за вето, додаде таа.

На сите им е јасно дека изборите мора да се одржат на истекот на 22риот ден по завршување на вонредната состојба, односно на 5ти јули. Не постои друг правен механизам, колку и да не им се допаѓа тоа на одредени политички партии и лидери посочи Шекеринска.

Шекеринска кажа дека ќе беше добро ќе беше овој датум да беше потврден и со консензус, но потсети и дека политичарите имаат одговорност пред граѓаните и дека не смее народот да биде жртва на бескрајни преговори поради стравот од избори на Мицкоски.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР