Митревски од листата за ИЕ5: Избори на 5ти јули за да се обезбеди здравјето и да зајакне економијата

На прес-конференцијата по денешната координативна средба  на кандидатите за пратеници за Изборна единица 5 од коалицијата на СДСМ во Битола, Јован Митревски, кој е втор на кандидатската листа за ИЕ5, уште еднаш ја потенцираше важноста на избори на 5ти јули.

Со оглед на очекувањата на нов бран на вирусот наесен, одговорност кон државата и граѓаните е да бидеме 100% подготвени за успешно справување со истиот.

За жал, неколку месеци сме без активен парламент со што сме оставени без клучниот демократски механизам, изјави Митревски.

Потребни ни се легитимни институции кои ќе работат со полн капацитет. Потребни ни се избори согласно законите односно 22 дена по завршување на вонредната состојба или прецизно, избори на 5ти јули. Секое пролонгирање ќе ја продлабочи кризата и неизвесноста, потенцираше тој.

Митревски нагласи дека избори по 5ти јули би биле правно невозможни и неправедни за граѓаните. Тој увери дека најлошото помина и дека здравствениот систем има план за справување.

Нам ни е потребен функционален парламент и нова влада со политички легитимитет. Тоа е важно за нашето здравје, нашата економија, но и за демократијата и институциите, додаде тој.

Тој увери дека изборите ќе се одржат во безбедна средина, според однапред утврдени протоколи со цел заштита на здравјето на гласачите.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР