На улиците на Њујорк е Националната гарда во обид да се смират протестите кои веќе четврти ден се случуваат во САД по убиството на Афроамериканец од страна на полициски службеник.
Шокантно видео стигна од Бруклин на кое може да се види како две полициски возила прегазуваат демонстранти, кои претходно сакале да ги нападнат.
Градоначалникот на Њујорк зјавил дека многу се вознемирил поради овој инцидент и дека жали поради тоа што се случило.
-Гледам протести со години, но полицајците тука се во невозможна ситуација, демонстрантите сакаат да ги повредат. Вакво нешто не се случило во историјата на градот.Полицајците во во овој случај биле во таква ситуација да бидат нападнати и да мораат да избегаат. Ги разбирам, се нашле во невозможна ситуација, изјавил градоначалникот Бил де Бласио.
You must be logged in to post a comment Login