На престојните парламентарни избори, кои се бара да се одржат на 5ти јули, СДСМ и коалицијата вклучија тројца Битолчани во листата за кандидати за пратеници од петтата изборна единица.
Тројцата Битолчани кандидирани за пратеници од редовите на СДСМ и коалицијата се долгогодишни членови на општинската СДСМ.
Трета на листата за ИЕ5 е Бисера Костадиновска Стојчевска, 9ти е Горан Козаров, а 18ти Петар Николовски.
Во продолжение е редоследот на листата за ИЕ5, каде носител е Радмила Шеќеринска од СДСМ:
- Радмила Шекеринска, Скопје
- Јован Митрески, Струга
- Бисера Костадиновска Стојчевска, Битола
- Лазе Лаки Таневски, Охрид
- Бети Рабаџиевска, Ресен
- Енес Ибрахим (Партија за движење на Турците, Чаир)
- Боби Мојсоски (ЛДП Кичево)
- Жаклина Лазареска Охрид
- Горан Козаров, Битола
- Самка Ибраимовски (ПЦЕР Тетово)
- Белиса Зеќири, Маврово Ростуше
- Марија Кочовска, Демир Хисар
- Мелинда Рашиди (Беса, Струга)
- Оливера Чавкар, Крушево
- Тања Пројческа, Долнени
- Мирнес Абазовски
- Ристенка Алтипармаковска
- Петар Николовски, Битола
- Фросина Велкоска
- Един Јакубовиќ
You must be logged in to post a comment Login