20 проценти од рестораните во Бугарија банкротираа поради кризата

20 проценти од рестораните во Бугарија банкротираа поради кризата со коронавирусот.

Oколу 50 проценти од рестораните во Бугарија работат со загуба, а 20% од нив веќе банкротираа, информираа од Бугарската асоцијација на ресторани. Рестораните, баровите и кафулињата во Бугарија беа затворени од 13 март поради прогласувањето вонредна состојба.

Да ги отворат летните тераси рестираните добија право на 5 мај, со посебни правила за растојанието помеѓу масите, постојана дезинфекција и носењето маски од страна на персоналот. Внатрешните делови од рестораните не смееја да бидат отворени. Ќе се отворат на 1 јуни.


Ако бугарската влада не презеде радиклани чекори, процентот на банкротирани ресторани би бил уште поголем. Една од мерките беше намалувањето на ДДВ за рестораните од 20% на 9%, за да се остават повеќе средства за плати за вработените.

Оваа и идната година ќе бидат многу тешки за оваа угостителите. Многу луѓе уште се во опасност од банкрот и нема воопшто да ги отворат рестораните. Туристичката сезона нема да може да се спаси, што ќе донесе дополнителни загуби.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР