Песков: Блокирањето на профилите на Трамп е лекција за целиот свет

Блокирањето напрофилите на актуелниот американски претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи и тоа со одлука на раководство на компаниите е „лекција за целиот свет“, изјавил портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Ова е лекција за целиот свет“, рече Песков пред новинарите. Тој истакна дека регулацијата на социјалните мрежи не треба да се остава на произволно мислење на компаниите, туку мрежите треба да се регулираат. „Ова е причина земјите и граѓаните само да размислат за тоа колку внимателно треба да се однесуваме кон хегемонијата на големите информатички компании, а нивниот волунтаризам некако треба да се опфати во законска рамка“, нагласи Песков.

На 6 јануари, приврзаниците на сегашниот американски претседател се собраа на демонстрации за поддршка на Доналд Трамп во Вашингтон. Тие упаднаа во зградата на Конгресот на САД и го прекинаа состанокот на кој требаше да се одобрат резултатите од изборите одржани во земјата. Во судирите со полицијата загинаа пет лица. Подоцна, Конгресот го одобри изборот на Бајден за претседател на Соединетите држави. По судирите во Капитол, демократите во Конгресот го обвинија Трамп за поттикнување бунт и побараа негов импичмент.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР