Џонсон: Нема олабавување на мерките во Велика Британија

Стапката на ширење на коронавирусот во Велика Британија се изедначува и може да почне да опаѓа, но сепак е на високо ниво, поради што не може да има олеснување на ограничувањата, изјави премиерот Борис Џонсон.

„Почнуваме да забележуваме одредени знаци на изедначување, а можеби и пад на стапката на заразени и хоспитализации. Но, не заборавајте дека нивото е сè уште многу високо“, им рече Џонсон на новинарите.

Тој додаде дека постои ризик ако се олабави „стисокот на вратот на ѕверот“ и дека вирусот може повторно да излезе од контрола пред луѓето да се вакцинираат.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР