ВМРО-ДПМНЕ е симбол за корупција и криминал, поднесуваат неосновани интерпелации затоа што се плашат од правдата

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал и корупција.

Лицемерно и лажно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за корупција кога токму оваа партија е синоним на коруптивно дејствување, провизии од тендери и незаконско финансирање на партијата. Уште поголемо лицемерие е пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за партиска држава, кога токму за време на нивното владеење бевме категоризирани како заробена држава.

Тоа е партија чие целото претходно партиско раководство и речиси половина од актуелната пратеничка група секојдневно се пред судовите каде се сомничат за сторени тешки кривични дела.

Пратеникот Антонио Милошоски бегаше од судски доставувачи, се обидуваше да избега од правдата. Пратеничката Гордана Силјановска е најмалку повикана да зборува за за углед и чесност кога сите знаат дека таа додека била министерка самата си доделила бизнис со фри-шоп.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да тоне во сопствената безидејност во сопствениот очај.

Се што прави оваа партија овде во Собранието е само деструктивност, блокади и кочење на функционирањето на парламентарниот состав.

Кога не шири лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ поднесува неосновани барања за интерпелации на министри.

ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието па и надвор од него правеше се за да не се донесе Законот за јавно обвинителство, правеше се за да нема реформи во правосудството и тоа да остане партизирано и зависно, какво што го оставија.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од правдата прочистување на судството, се плашат од крај на нивните Сваровски инсталации и бескомпромисна борба против корупцијата.

Затоа поднесуваат вакви неосновани интерпелации, но тоа нема да не поколеба нас како парламентарно мнозинство да продолжиме да се бориме против криминалот и корупцијата. Секој кој згрешил пред законот ќе одговара за стореното. 11 години режимско владеење придонесе за вртоглав раст на корупцијата и на неказнивост на партиски функционери.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР