Во Португалија во јануари од последици од Ковид-19 починале 5.576 луѓе

Податоците на португалската Управа за јавно здравје (ДГС) покажуваат дека во јануари 5.576 лица починале од последици од Ковид-19 , што е 44,7 проценти од вкупните 12.482 смртни случаи од март минатата година, кога заразата почна да се шири во земјата.

Според ДГС, во Португалија се регистрирани вкупно 711.018 инфицирани лица од март 2020 година, а 43 проценти од таа бројка е во јануари годинава.

Според надлежните големата стапка на заразени и на смртни случаи се должи на британскиот вид на Ковид-19, но и на укинување на дел од рестриктивните мерки за време на божиќните празници.

Болниците во Португалија, која има околу 10 милиони жители се пред колапс, а возилата на Брзата помош со часови чекаат да се најде слободен кревет. Додека други болници се соочуваат со недостиг на фрижидери за сместување на телата на починатите.

Досега во Португалија само околу 70.000 луѓе примиле две дози од вакцината против Ковид-19, додека имунизацијата на лицата постари од 80 години почнува денеска.

Австрија и Германија понудија помош за згрижување на португалските пациенти заразени со Ковид-19.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР