Диего Коста е на пат да се врати во Премиер лигата

Доскорешниот напаѓач на лидерот во шпанската фудбалска Ла Лига,  Атлетико Мадрид, Диего Коста, е пред трансфер во елитен клуб од Премиерлигата.

Според британскиот телевизиски канал, името на заинтересираниот клуб се уште не се соопштува, но станува збор за екипа од „Топ 6″ во англиското првенство.

Обврските на Коста кон Атлетико Мадрид завршија на крајот од минатата година и бразилскиот напаѓач може без обесштетување да направи трансфер.

Се претпоставува дека за неговите услуги се заинтересирани Вест Хем или Лестер.

Коста од 2014 до 2017 година го носеше дресот на Челзи, постигнувајќи 52 голови на 89 натпревари за лондонскиот премиерлигаш.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР