Бајден сака да ја олесни натурализацијата на девет милиони мигранти

Американскиот претседател Џо Бајден денеска од владата ќе побара да ја олесни натурализацијата на девет милиони мигранти кои ги исполнуваат условите за американско државјанство, соопштија високи претставници на администрацијата.

Тоа е една од низата одлуки поврзани со имиграцијата што Бајден треба да ги потпише во текот на денот, вклучувајќи прашања за разделените семејства, граничната безбедност и легалната имиграција, пишува агенцијата АФП.

Алехандро Мајоркас, кој е номиниран за секретар за национална безбедност, треба да ја предводи работната група која ќе се фокусира на обединување на родителите и децата разделени со граничната политика „нула толеранција“ усвоена од администрацијата на Трамп во 2018 година. .

Во судските документи се идентификувани најмалку 5.500 деца кои биле одвоени од своите родители во времето на претседателот Доналд Трамп, вклучително и околу 600 деца чии родители допрва треба да се пронајдат.

Администрацијата на Бајден соопшти дека работната група редовно ќе поднесува извештаи до претседателот и ќе препорача чекори како да се спречи таквите случаи да се повторат.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР