Бугарија: Карантин за граѓаните без негативен ПЦР-тест

Од денеска до 30 април, бугарските државјани кои влегуваат во земјата и лицата со статус на постојан или долготраен престој на територијата на Бугарија, доколку немаат негативен резултат на ПЦР-тест направен 72 часа пред влез во земјата, ќе бидат ставени во 10-дневен карантин.

Одлуката се однесува и на членовите на нивните семејства.

Карантинот би можел да биде укинат во случај на негативен резултат на ПЦР-тестот кој ќе биде извршен 24 часа по пристигнувањето во земјата, соопшти бугарското Министерство за здравство.

Одлуката е донесена врз основа на вчера издадениот налог од страна на министерот за здравство Костадин Ангелов.

Директорите на регионалните здравствени инспекции можат да го укинат карантинот на соодветни групи лица кои пристигнале во Бугарија во периодот од 29 јануари до 1 февруари.

Услов е граѓаните да приложат документ кој покажува негативен резултат на ПЦР-тестот спроведен во рок од 24 часа од стапувањето во сила на оваа наредба. Во тие случаи карантинот се укинува во рок од 24 часа по поднесувањето на документот.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР