Здравеска: ФЗОРСМ со редица новини ги подобрува услугите за граѓаните и лекарите

Раководител на Подрачната единица при Општина Битола на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија – Верица Здравеска денес со прес конференција на тема активности на ФЗОРСМ при ПЕ во Битола.

Здравеска се осврна и на коронавирус постапките кога се во прашање пациентите и здравствените работници како и новините во формите на здравствено осигурување како и инфраструктурните зафати на санација и реновирање во објектот на ПЕ на ФЗОРСМ.

Почитувани грѓани медиуми, со конкретните мерки, активности и политики кои ги превзевма Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија докажуваме што значи вистинска грижа за осигурениците, пациентите и здраставените работници во Јавното и Приватното Здравство.

Фондот за време на изречувањето мерки за спречување и ширење на заразата против Ковид 19 во дело на работата на здравствените установи им овозможи на избраните матични лекари по општа медицина, заради следење на здравстената состојба на осигурените лица заболени од Ковид 19 кои се во моментот во домашно лекување да можат да му издадат ваков упат ЛУ-1 Ковид 19 заради утврдување на вредностите на биохемиските лабораториски и здравствени услуги.

Упатот може да го реалзиираат сите Јавни Здравстевни установи, болници и здравстевни болници и сите приватни установи кои имаат договор со Фондот, посебно договор за работа за образецот ЛУ-1, а посебни услови треба да имаат лекар специјалист  по медицинска биохемија кој  можи да ги врши овие лабораториски испитувања.

Ги извесутваме сите приватни матични лекари, со кои приватни лаборатории можат да ги вршат овие услуги. 

Понатаму Фондот воедно воевде и бесплатно лекување на здравствени осигураници во моментот кои што немаат здравствено осигурување и на сите лица му овозможи здравствено осигурување  со попречен развој над 26 годишна воздраст.

Фондот за време на пандемијата со одлука на Влада на Северна Македонија донесе одлука за сите вработени лица кои моментално користеа породилно лекување да можат да го продолжат породилното боледување без накнадно доставување документација до Фондот.

Оваа привилегија ја искористија скоро 271 лице на ниво на општина Битола. Со одлука на Влада прекина боледувањето на 23.09.2020 така да што беше овозможено вработените да го искористат породилното боледување после оваа дата на работните места.

Покрај грижата за здравјето на граѓаните се грижиме и за условите на нашите вработени. Од страна на Фондот на крајот на 2020 година Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија напрви проект до сите подрачни служби на општина Битола каде што имаа потреба од санација и реконстуркција на работните простории, да започнат со истата.

Посебно во Битола се врши реновирање на конферециската сала и просториите кои што се користат за архива.

Во наредниот период продолжуваме со унапредување на системот за здравстена заштита и со подобрување на условите за работа на лекарите и подобрување на поквалитетни услуги на пациентите. Наш прироритет е да имаме здрава нација, задоволни пациенти и лекари во јавното и приватното здравство.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР