Реакции по пресудата за Навални: САД длабоко загрижени, Германија бара ослободување

Соединетите држави соопштија дека се длабоко загрижени поради затворската казна изречена на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални. САД го повторија својот апел за негово итно ослободување.

„ Соединетите држави се длабоко загрижени од одлуката на руските власти да го осудат опозициското лице Навални на две години и осум месеци затвор“, рече државниот секретар Ентони Блинкен, пренесува Ројтерс.

„ Дури и додека работиме со Русија за унапредување на американските интереси, ние тесно ќе се координираме со нашите сојузници и партнери за тоа како Русија треба да одговара за неуспехот да ги почитува правата на своите граѓани“, рече Блинкен во изјавата.

Условната казна на Навални од 3 години и шест месеци беше изменета во затворска казна, а беше намалена на две години и осум месеци поради периодот што го поминал во домашен притвор.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас изјави дека денешното казнување на Алексеј Навални на три и пол години затвор е „горчлив удар“ за владеењето на правото во Русија и побара итно ослободување.

„ Денешната пресуда против Алексеј Навални е горчлив удар против основните слободи и владеењето на правото во Русија“, напиша тој на Твитер, опишувајќи го прогонот на Навални како произволен, пренесува Ројтерс.

„Алексеј Навални мора веднаш да биде ослободен“, порача Мас.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР