Судот го осуди Навални на 3 и пол години затвор

Судот му изрече затворска казна од 3 години и шест месеци на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Условната казна за Навални во случајот со проневера на Ив Рош сега судот ја промени во затворска казна, пренесува ТАСС од судницата.

„Судот пресуди во корист на [Руската] Федерална казнено-поправна служба за укинување на условната пресуда против А. Навални. Му беше одреден притвор пред да стапи на сила пресудата”, објави судијката Наталија Репњикова.

Според претходните тврдења на руските власти, Навални и неговиот брат финансиски ја оштетиле компанијата на Ив Рошер, за што добиле условни затворски казни од три и пол години.

Иако казната истече во декември 2020 година, ФСИН сега го обвини Навални за кршење на условната казна и побара таа да биде заменета со затворска казна.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР