Војводата од Кембриџ со реакција против расизмот во фудбалот

Во последните денови, врвни професионални фудбалери, како Маркус Рашфорд, Ентони Марсијал, Аксел Туанзебе, Ромејн Сојерс и Рис Џејмс, беа цел на расистички напади на социјалните мрежи.

Војводата од Кембриџ е еден од многуте што ја осудија ваквата појава.

Тој се огласи на „Твитер“ и на „Инстаграм“ во врска со недоличните навреди на расна основа.

„Расизмот – без оглед дали е на теренот, на трибините или на социјалните медиуми – е злобен и тој мора да престане веднаш. Сите ние сме одговорни да создадеме средина во која таквата злоупотреба нема да се толерира, а оние што ќе изберат да шират омраза и поделба, одговараат за своите постапки. Таа одговорност се протега на платформите, каде што сега се одвива голем дел од оваа активност. Ги пофалувам сите оние играчи, симпатизери, клубови и организации што продолжуваат најсилно да ја осудуваат оваа злоупотреба“, напиша принцот Вилијам на официалниот инстаграм-профил.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР