За посетителите од земјите за кои е дозволен влез на Кипар, од сабота се воведува и задолжителен тридневен карантин, како и ПЦР тест направен 72 часа по пристигнувањето, што ќе биде на трошок на патниците.
Одлуката денеска ја донесе кипарската Влада со цел зајакнување на мерките на аеродромите и се однесува на патниците од земјите вклучени во првата и втората категорија.
Во првата се земји со ниска опасност, односно Австралија, Нов Зеланд, Сингапур и Тајланд и за нив не е потребен тест пред пристигнувањето.
Во втората група се Германија, Грција, Финска, Исланд, Норвешка, Јапонија, Кина, Јужна Кореа и Руанда и за нив е задолжителен негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето.
И за двете групи, од 6 февруари задолжителна е тридневна самоизлација и дополнителен ПЦР тест.
За посетителите од Велика Британија, во сила се мерките од 21 декември 2020 година, односно државен седумдневен карантин, тест по пристигнувањето и на седмиот ден од влезот на Кипар.
Од воведувањето на овие мерки, биле тестирани над 15.000 патници од Велика Британија и потврдени 133 позитивни слуачи на Ковид-19.
You must be logged in to post a comment Login