Конте: Интер заслужи повеќе, Јувентус не создаде скоро ништо

Тренерот на Интер, Антонио Конте ги кажа впечатоците по поразот од Јувентус (1:2) во првото полуфинале од Купот на Италија.

– Всушност, ние сторивме сè сами. Јувентус искористи две наши едноставни грешки за да постигне голови. Треба подобро да ги реализираме шансите, создадовме многу од нив. Против Јувентус, ваквите шанси треба да се искористат. Настапот беше одличен, само резултатот беше слаб. Ова е многу разочарувачко, заслуживме многу, многу повеќе од она што се појави на крајот. Јувентус не создаде скоро ништо, не се сеќавам дека Хандановиќ имаше интервенции, рече Конте.

Реваншот е закажан за 9 февруари во Торино.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР