МТСП: Од утре започнува исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре 4 февруари (четврток)  2021 година  започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита ( сите парични прaва) за месец јануари 2021 година:

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 4 февруари  2021 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19,за  корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

–  04.02.2021 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

– 05.02.2021  (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР