Меѓународните деловни патувања нема да се опорават до 2025-та

Трошоците за деловни патувања се очекува да пораснат за 21% во оваа година ширум светот, поддржани од доставата на вакцините против Ковид-19, но нема да се опорават на нивото пред-пандемијата до средината на деценијата, предвидува Агенцијата на глобалните деловни патувања (GBTA).

Според предвидувањата на здружението, трошоците за деловно патување се очекува да пораснат на 842 милијарди долари во 2021-ва година. Минатата година тие паднаа за 52 проценти на 694 милиони долари поради пандемијата.

По една деценија постојан годишен раст, деловното патување се очекува да изгуби десет пати повеќе во 2020-та година отколку во падот од 11 септември 2001-ва и рецесијата во 2008-та година, соопшти „GBTA“.

И покрај очекуваното зголемување на патувањата во 2021-ва година, неизвесноста за напредокот на вакцинацијата и политиките на американскиот претседател Џо Бајден може да има негативно влијание врз закрепнувањето.

„Продолжувањето на ширењето на вакцините ќе биде од клучно значење за глобалното закрепнување, како и одлуките на новата администрација на Бајден за глобалната трговија и граничните и карантинските политики“, рече во изјавата Дајк Хилфман, извршен директор на „GBTA“.

Според групата, компаниите најверојатно ќе трошат повеќе на патувања што не можат да се дуплираат со состаноци преку Интернет, како што се продажни повици и патувања поврзани со услугите.

Процентот на буџетот за патување на компаниите издвоен за домашни состаноци се очекува да се намали за 6% во споредба со 2019-та година, според предвидувањата на „GBTA“.

До крајот на 2024-та година, деловните патни трошоци се очекува да достигнат околу 1,4 трилиони долари, скоро колку што беа на својот врв пред пандемијата од 1,43 трилиони долари во 2019-та година, соопшти групацијата. Таа предвидува целосно закрепнување во 2025-та година.

Клучните економии во развој во азиско-пацифичкиот регион ќе го стимулираат растот на глобалното деловно патување во следните десет години, очекува „GBTA“.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР