Републиканците не дадоа поддршка на пакетот економска помош предложен од Бајден

Без поддршка од републиканците, во американскиот Сенат, демократите ги презедоа првите чекори за усвојување на пакетот економска помош од последиците од пандемијата вреден 1.900 милијарди долари, што беше предложена од претседателот на САД, Џо Бајден.

Резултатот од гласањето во Сенатот беше 50 гласа на демократите „за“ и 49 гласа на републиканците „против“ предложениот закон.

Бајден вчера се состана со 10 републикански сенатори за да разговара за нивниот предлог вреден 618 милијарди долари.

Претседателот рече дека нивниот предлог од околу 600 милијарди долари е недоволен во секој поглед. Ние го почнавме новото свикување на Сенатот со партиски разграничувања, изјави лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шамер.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР