Телефонски разговор меѓу Вучиќ и Путин, главна тема вакцината „спутник В“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговара со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Темите на разговор меѓу Вучиќ и Путин се економска соработка меѓу Србија и Русија, воено-техничка соработка.

Исто така, една од темите е набавка на ново количество вакцини против коронавирус. Главна тема на разговор меѓу двајцата претседатели се преговорите за набавка на нов контингент вакцини „спутник В“, а доколку биде постигнат договор меѓу двајцата лидери, треба да се очекува значителен број руски вакцини да пристигнат во Србија.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР