„Амнести интернешнел“ во средата ги повика своите активисти да започнат кампања за итно ослободување на новинарката Солафа Магди, која беше уапсена во Египет и се соочува со обвиненија за тероризам.
Мегди(34) беше уапсена во ноември 2019 година во придружна на нејзиниот сопруг, фоторепортерот Хосам Ел-Сајед, и нивниот пријател Мохамед Салах. Тие се обвинети за приклучување кон терористичка група и злоупотреба на платформите на социјалните мрежи.
Лондонската невладина организација ги повика активистите да испратат апели до египетскиот јавен обвинител Хамада Ел-Сави за итно и безусловно ослободување на Мегди, Ел-Сајед и Салах. Тие ги негираат сите обвиненија.
Пријатели и колеги тврдат дека биле мета на напади затоа што се пријатели на политичкиот затвореник Исраа Абделфатах, кој исто така бил киднапиран од улица во Каиро и поради нивната новинарска работа.
Солафа и Хосам имаат седумгодишен син кој повеќе од една година не ги видел своите родители. Тие се обвинети за ширење лажни вести и приклучување кон терористичка организација во истиот случај во кој е уаосен Исраа. Солафа пишува за човековите права, малцинствата, социјалните немири, образованието, сексуалното вознемирување и за миграцијата.
Како хонорарни работници, Солафа и Хосам имаат мала финансиска поддршка, но сепак ги ставаат своите животи во опасност за да го информираат светот. Според „Мадр Маср“, пред апсењето, двојката постојано била запирана од полицијата и од другите граѓани, бидејќи не им се допаѓале медиумите за кои работеле, а главно биле странски медиуми.
Организацијата подготви образец за жалбата, во кој се објаснува дека Сулафа Мегди е притворена единствено поради нејзината новинарска работа и порад застапување за жртвите на кршењето на човековите права.
„Амнести“ ги повика и египетските власти веднаш и безусловно да ги ослободат сите новинари во земјата. Овој потег следи еден ден откако египетското Министерство за внатрешни работи негираше дека Мегди била мачена или малтретирана во женскиот затвор Ал-Канатер, вест што медиумите ја раширија на социјалните мрежи.
Египет честопати е критикуван за апсење новинари и опозициски политичари во случаи на слобода на изразување и мислење. Режимот постојано тврди дека на затворениците, без исклучок, им се даваат сите законски гаранции и права.
©2020 Насловна | Импресиум
You must be logged in to post a comment Login