Бектеши-Баздникин:Северна Макдонија и Руската Федерација имаат голем потенцијал за економска соработка

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. Сергеј Баздникин. Главна тема на средбата помеѓу министерот и амбасадорот беше можноста за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

На средбата беше изразено задоволство од континуирано плодната соработка и цврстите пријателски односи меѓу двете земји
Министерот посочи дека стратешки интерес на нашата држава се членството во НАТО и интеграциите во ЕУ, но и одржување на добри билатерални односи со традиционална пријателските земји како што е Руската Федерација.


На средбата беше констатирано дека Република Северна Македонија и Руската Федерација остваруваат интензивна економска соработка, при тоа доминантен облик на соработката е трговската размена.


Податоците за трговската размена покажуваат дека за 11 месеци минатата година и покрај пандемијата е остварен раст на билатералната трговија од 6%, извозот е зголемен за 9,7%, а увозот за 4,6% во однос на 2019 година.

На состанокот се разговараше за четирите сета економски мерки кои Владата ги донесе за поддршка на граѓаните и стопанството и ублажувањето на негативните ефекти од социо-економската криза предизвикана од пандемијата со коронавирусот.

Министерот Бектеши истакна дека мерките ги даваат посакуваните резултати врз економијата и посочи дека во петиот сет мерки кој што е во завршна фаза, поддршката ќе биде насочена кон најпогодените сектори и граѓани и ќе имаат за цел ревиртализација на економијата.

Двајцата соговорници се согласија дека зголемувањето на економската соработка меѓу двете земји ќе остане приоритет во наредниот период, посебно во делот на туризмот и енергетиката..

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР