Студентите во Атина се излезени на масовен протест

Карантинот и рестриктивните мерки не ги спречија грчките студенти и денеска, масовно, и покрај пандемијата, да излезат на протест во Атина.

Со слогани против новиот закон за образование на Владата, студентите протестираат по централните улици во Атина кон грчкиот Парламент.

Студентите  порачуваат дека нема да се откажат од нивните барања и доколку е потребно ќе продолжат со нивните активности.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР