Студиска група: САД треба да го продолжат рокот за повлекување на сите свои војници од Авганистан

САД треба да го продолжат рокот за повлекување на сите свои војници од Авганистан, планиран до 1 мај, бидејќи повлекувањето на сите трупи може да доведе до граѓанска војна, дестабилизација на регионот и заживување на опасноста од Ал Каеда, јавија американски медиуми.

„САД не треба…едноставно да им ја предадат победата на талибанците“, се вели во извештајот на Студиска група за Авганистан.

Со тој извештај, според американски медиуми, се упатуваат критики кон администрацијата на Трамп за правење премногу грешки, премногу отстапки на бунтовниците во обид да се стави крај на најдолгата американска војна.

Извештајот е составен од група назначена од Конгресот.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР