Oбвинителството поведе постапка против припадници на МВР за случајот со возачките дозволи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица вработени во Министерството за внатрешни работи – Одделение за управни работи Скопје за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје. 

Осомничените, како што информираат од ОЈО Скопје, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, за повеќе граѓани креирале барања, спроведувале процедури и одобрувале изработка на возачки дозволи за Б категорија, иако барателите немале положено возачки испит и не се стекнале со право за поседување возачка дозвола. 

– За еден од осомничените, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. За останатите седуммина предложени се мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска повремено да се јавуваат во Основниот кривичен суд Скопје, како и забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, велат од обвинителство. 

Во исто време, надлежниот јавен обвинител поведе постапка и против 31 друго лице кои извршиле поттикнување при извршувањето на наведеното кривично дело, односно се јавувале како баратели на возачки дозволи, иако немале положено возачки испит.​​

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР