Временска прогноза

Времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во раните утрински и претпладневни часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени.

Во деновите од викендот ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на места поројни проследени со засилен јужен ветер. Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во среда.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР