Обука за анкетирање на пензионерите

Во пензионерскиот клуб при Здружението на пензионери во Битола денес започна обуката на волонтери кои што треба да бидат ангажирани за изработка на пензионерската социјална карта.

Заради применување на мерките за заштита од пандемијата со ковид 19 состаноците се одржаа во три наврати, а на истите стручно лице од Скопје ги изнесе основните параметри за како да се пополнуваат анкетните листови.

На отворањето присуствуваше и претседателката на Сојузот на Здруженијата на пензионери на Македонија Станка Трајкова.

Таа пред присутните ја нагласи потребата за што помасовно вклучување на членовите на Здруженијата на пензионери на Македонија во доставување на податоците кои ќе бидат од корист за нив.

Со анкетниот лист ќе треба да се констатираат одредени податоци како што се здравствената состојба на пензионерите, дали тие имаат основни средства за егзистенција или користат други извори на парични средства, потоа како ја одржуваат хигената во станот и лично, нивната набавка на намирници и плаќање на сметките, а ќе бидат опфатени и други податоци за евидентирање на животот на пензионерите.

Во пропишаниот образец се прибираат покрај другото лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци и правилниот за заштита на истите.

Со обуката раководеа претседателот на ИО на Здружението на пензионери Битола Томе Димитровски и претседателот на Собранието Крсте Белевски

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР