Објавени сите детали за пописот

Резидентите секој сам од дома лично, а лицата кои се државјани на Република Северна Македонија, а не се овде подолго од една година ќе се самопопишат преку посебна апликација која веќе е изработена или за нив ќе може да одговара лице кое добро ги познава.

На пописот, најголемата статистичка операција која во Северна Македонија ќе се спроведува во месеците  март и април ќе се попишува вкупното резидентно и вкупното нерезидентно население. Државниот завод за статистика ја објави денеска методологијата за извршување на овој процес.

Кој се е резидент, а кој не е? Според методологијата во вкупното резидентно население спаѓаат лицата државјани со место на вообичаено живеење во Северна Македонија без оглед дали на пописот се наоѓаат на местото на живеење или во друго место во државата. Резиденти се и лицата – странци кои престојуваат во земјава подолго од 12 месеци со одобрение за привремен престој, но и лицата што имаат место на живеење во Северна Македонија, а се во странство помалку од една година поради работи или друга причина како и членовите на нивните семесјтва кои престојуваат со нив. Нерезиденти, пак се лицата лицата државјани на Северна Македонија кои во времето на пописот престојуваат во странство повеќе од 12 месеци поради работа или друга причина како и членовите на нивните семејства. Нерезиденти се и лицата странци кои престојуваат во земјава до 12 месеци односно помалку од една година со одобрение за привремен престој.

Сите ќе се попишуваат со таканаречен комбиниран метод на попис.

„Овој попис ќе се спороведе со комбиниран метод на попишување. Истовреемно ќе се врши попишување на терен, но во исто време и користење на единиците кои ги имаме во базите на податоци. Линкот на овие бази ќе биде со користење на единствениот матичен број на лицето. Вака се намалува потребното време за вршење на пописот, но се намалува и трошокот на целокупната операција, но и потребното време за обработка на податоците, конечни податоци за пократок период, рече Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

Има посебна пописна база, а во неа влегуваат податоците од Министерство за одбрана, од Министерство за правда, Министерство за образование и наука, Аггенција за вработување, Управа за јавни приходи, Агенција за катастар за недвижности и сите податоци од Државниот завод за статитистика.

Попишувачите ќе бидат цело време он лајн поврзани на базите – ќе има 150 државни инструктури, вработени во ДЗС, и најмалку 5.500 попишувачи.

Како ќе се попишуваат лицата кои се надвор од земјата – Симовски објасни дека има два начини на попишување. Едниот е самопопишување односно лицата кои се надвор од земјата на посебна апликација да ги пополнат сите податоци, додека вториот е за нив да одговараат и лица кои им се блиски, односно кои добро ги познаваат. Апликацијата на која ќе се самопопишуваат ќе биде достапна од 1 март до 21 април. Симовски вели дека таа е апсолутно безбедна и на неа ќе се пристапува со посебни процедури, но на неа нема да може да се вклучи никој од Македонија, туку само лица од странство.

„За лицата што се наоѓаат во странство има посебно апликативно решение и лицата сами ќе можат да ги дадат своите податоци за себе. Бидејќи за жал, не можеме да гарантираме дека секаде ќе стигне информацијата даваме можност и за нив да одговараат лица кои ги познаваат. Но, секако не може во име на друг да даде одговор за етничка и религиозна припадност и за јазик. Затоа, сега имаме можности технолошки да се искомуницираат тие луѓе и сами да ги кажат, вели Симовски.

Контролата за тоа дали некој дава лажни податоци ќе се прави отпосле со проверка на податоците во сите бази кои се користат. Тој вели дека со нив може лесно и брзо да се провери дали некој дал лажни податоци – на пример со податоци од Фондот за здравствено осигурување или од МВР во однос на граничните премини, но и од други институции.

Контролата не ја прави попишувачот на лице место, тоа ќе се прави подоцна.

На листите ќе има околу шеесетина прашања, и тие се на седум јазика. Не е можно да не се даваат сите податоци, но секако бројот на прашањата зависи од тоа дали станува збор за лице кое е вработено или оди во училиште.

Симовски не сакаше да коментира политички изјави и мислења во однос на одложување на пописот. Рече дека било кој ќе одлучи да бојкотира си прави штета само на себе.

Попишувачите нема да се тестираат за присуство на корона вирусот, затоа што постојано ќе с ена терен. Симовски вели дека постојано ќе бидат со маски.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР