Претставена на 40-на страни методологијата за спроведување на пописот

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денес ја престави Методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот во април.

Методологијата е јавна и може да се види тука.

Собранието на 21. јануари со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис, според кој пописот треба да се спроведе од 1-ви до 21 април годинава.

Опозицијата останува на ставот дека пописот треба да се одложи за наредната година, или ако се инсистира тој да се одржи пролетва, да се спроведе по електронски пат. ВМРО-ДПМНЕ, формално почна и иницијативата за укинување на Законот за попис.

Претседателот Пендаровски пак, побара одложување на пописот за јуни или јуни годинава, на што премиерот одговори дека истиот предлог е вреден размислување.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР