Instagram воведува нова функција


Instagram воведува нова функција која на корисниците ќе им овозможи да ја вратат избришаната содржина.

„Знаеме дека ова е нешто што корисниците одамна го бараа. Сега за првпат може да ја прегледате и да ја вратите избришаната содржина на Instagram. Исто така, подобрена е и заштитата за да ги спречиме хакерските напади“, пишува во официјалното соопштение на Instagram.

За да ја вратите избришаната содржина, потребно е да ги следите овие чекори:

Одберете ја опцијата Settings, изберете Account и потоа Recently deleted. Тука може да ја видите избришаната содржина која може да ја вратите или трајно да ја избришете.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР