Брнабиќ: Србија единствена земја во светот каде граѓаните може да ја бираат вакцината

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, по повод стоте дена од работата на владата, изјави дека досега се вакцинирани околу 520.000 граѓани и дека Србија е единствената земја во светот каде граѓаните имаат право да изберат која вакцина ќе ја примат.

Брнабиќ посочи дека се отворени две комплетно нови болници во Белград и Крушевац, со повеќе од 1.500 кревети за ковид пациенти .

Таа додаде дека е започната и масовна имунизација на граѓаните и дека Србија е втора земја во Европа во која е стигната вакцината против Ковид-19.

-Како трета земја во Европа, по Велика Британија и Швајцарија, и три дена по ЕУ, почнавме со вакцинирање на нашето население. До денеска вакциниравме околу 520.000 лица, ревакциниравме околу 21.000 и единствена земја во светот сме каде граѓаните можат да ја изберат вакцината, изјави таа.

Говорејќи за борбата против организираниот криминал, Ана Брнабиќ оцени дека владата покажала храброст и решителност, како и дека претседателот Вучиќ ја најавил таа борба и дека владата ја ставила на врвот на својата листа на приоритети.

-Министерството за внатрешни работи, во соработка со БИА, во четвртокот уапси 17 члена на организирана криминална група, која е осомничена за најтешки и најгрозоморни кривични дела, кажа Брнабиќ, оценувајќи дека со апсењето се дава силна и јасна порака: Србија е силна и безбедна земја во која нема заштитени луѓе.

Таа порача дека борбата продолжува, и дека особено ќе се фокусира на оние кои работеле за државата, а ги штителе криминалците.

Во однос на владеењето на правото, Брнабиќ изјави дека во првите сто дена биле направени значителни чекори и дека Владата испратила иницијатива до Собранието за промена на Уставот од областа на правосудството, а Владата усвои акционен план и формирала Работна Групна група за безбедност и заштита на новинарите.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР