Бројот на заболени од коронавирус во Холандија надмина еден милион

Холандија го надмина бројот од еден милион потврдени случаи на коронавирус.

Институтот за јавно здравје објави дека во последните 24 часа се потврдени 4.075 нови случаи, со што вкупниот број на случаи е 1.001.826. Досега се евидентирани 14.355 починати од Ковид-19.

Вистинскиот број на случаи во Холандија, земја со 17 милиони жители, е веројатно значително поголема, имајќи предвид дека само многу сериозно болни пациенти биле тестирани во текот на првите месеци од епидемијата, а многу пациенти воопшто не биле тестирани поради недостаток на капацитети.

На крајот на минатата година, Институтот за јавно здравје процени дека вкупниот број на случаи е веројатно најмалку три пати поголем од бројот на потврдени случаи.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР