Во Италија запленето големо количество нерегистрирани лекови против корона

Италијанската полиција запленила 121 000 различни лекови, претежно од Кина, што биле продавани како лекови против коронавирусот.

Акцијата била спроведена на целата територија во последниот месец.

Вредноста на запленетуте лекови е околу 250.000 евра.

Запленетите лекови биле увезени во Италија без неопходна дозвола и без никакви гаранции или потврди за валидност и влијание врз здравјето и се продавале тајно, „под рака“, во аптеки, продавници за здрава храна, национални здруженија и салони за убавина.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР