Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичарите во САД кои ги оспоруваа изборите во 2020

Компанијата Мајкрософт синоќа соопшти дека до крајот на 2022 година ги замрзнува спонзорствата за законодавците кои на крајот на изборниот процес гласаа против утврдување на Џо Бајден за претседател на САД.

Компанијата исто така нема да ги поддржува политичарите и организациите на ниво на сојузни држави кои се обидуваа да ги оспорат изборите.

Бред Смит, претседател на компанијата, соопшти дека во изминатите четири години, 20 отсто од спонзорствата на Мајкрософт „се за членови на Конгресот кои гласаа против одлуката на Изборниот колеџ“.

Слично одлучија и десетици големи американски компании како Гугл, Walmart, Marriott, AT&T, Amazon, Comcast , General Electric и American Express.

Компанијата Dow соопшти дека во следните шест години нема да ги спонзорира сенаторите кои гласаа против потврдување на резултатите од изборите.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР