СДСМ: Антидржавната ВМРО-ДПМНЕ ја очекуваат уште две неуспешни интерпелации

Антидржавната и антинародната ВМРО-ДПМНЕ на губитникот Христијан Мицкоски на својата листа порази додаде уште еден – неуспешната интерпелација за вицепремиерот Никола Димитров, со што потона уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ за наводно создавање на ново парламентарно мнозинство, бидејќи едвај успеаја да соберат 53 пратеници за интерпелацијата, наведува СДСМ. Во соопштението се додава дека и следните интерпелации ќе бидат неуспешни.

„Како што им пропадна интерпелацијата за Димитров, ќе пропаднат интерпелациите за вицепремиерот Љупчо Николовски и за министерот за правда Бојан Маричиќ. Ни самите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не веруваат во тие интерпелации затоа што потпишани се само 14 пратеници од пратеничката група, а меѓу нив не ниту Гордана Силјановска Давкова која ги најави интерпелациите“, се вели во партиското соопштение.

Наместо да биде конструктивна и да работи во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ преку неосновани интерпелации ја опструира работата на Собранието, смета СДСМ.

„Граѓаните на шест последователни изборни соочувања се изјаснија дека им е доста од деструкциите и неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и затоа партијата од Белата палата, симболот на криминалот и корупцијата, уште долго ќе си остане во опозиција“, порачува владејачката СДСМ.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР