СЗО: 130 земји во светот немаат ниту една доза од вакцината против ковид-19

130 земји со 2, 5 милијарди жители се уште немаат ниту една доза на вакцина соопшти СЗО.

Првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејезус, рече дека е потребно компаниите што ја произведуваат вакцината против Ковид-19 да ги делат средствата и инфраструктурата, а земјите да ги делат вакцините кои се достапни.

Сите влади имаат обврска да ги штитат своите граѓани, рече Гебрејезус. Сепак, откако ќе набават доволно вакцини и ќе го имунизираат своето население, земјите што се во можност треба вишокот вакцини да го проследат други земји.

Сè додека има толку многу невакцинирани луѓе во светот, ризикот е присутен кај сите, рече тој.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР