Тепачки низ Македонија, настрадале жени, полицајци, малолетици

Повеќе тепачки се пријавени во последното деноноќие низ Македонија, а жртви на нападите се жени, полициски слубеници, малолетници и возрасни луѓе.

Имено, во петокот, околу 18.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на улица „Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, М.Н.(40) од Скопје, била нападната физички од едно лице, при што и биле одземени пари и предмети.

Лицата Р.Н., Ф.Н.(29) и Д.Ѓ, сите од Скопје, биле лишени од слобода околу 20.45 часот во село Јурумлери, за напад на полициски службеници во угостителски објект во село Јурумлери, кои вршеле службени дејства.

Во 4.15 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(39) од село Ново Село, скопско пријавил дека во 4 часот во чекална на Меѓународна автобуска станица во Скопје бил физички напднат од едно лице.

Во Полициско оддление Шуто Оризари, Е.С.(41) од Скопје пријавил дека на 4 февруари околу 22 часот пред казино на подрачје на Шуто Оризари бил физички нападнат од А.И.(21) од Скопје.

Во 1.10 часот, лицето М.М. пријавил во СВР Скопје дека во близина на маркет на подрачје на Гази Баба, С.Ѓ.(54) од Скопје бил физички нападнат од А.Ш.(20) и Н.Р.(29) двајцата од Скопје.

Во 23.30 часот во СВР Куманово, С.И.(41) од Куманово пријавила дека околу 21 часот нејзиниот син бил физички нападнат од едно лице во Куманово.

Околу 21.30 часот во СВР Битола било пријавено дека пред казино во Македонски Брод, по претходна расправија М.Т. бил физички нападнат од Ж.Б. и Д.Р. од Македонски Брод.

Во Полициска станица Кочани, на 5 февруари околу 11.15 часот Ф.К.(48) од Кочани пријавил дека околу 11 часот по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот и Џ.К.(51) од една страна, и Т.А.(44) и К.А.(25) од Кочани, од друга страна.

Во 22.30 часот во Тетово е лишен од слобода Д.С.(40) од Тетово постапувајќи по претходна пријава од М.Ц.(33) од Тетово дека околу 20.30 часот пред сендвичарница во Тетово нејзиниот син бил физички нападнат од Д.С.

По документирање на случаите, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР