Шекеринска: Заев ќе има противкандидати во СДСМ но нема да бидат фаворити

Радмила Шекеринска, министерката за одбрана, очекува повеќе кандидати во изборот на претседател на СДСМ кој ќе се одржи напролет, а на кој, според новиот статут, ќе гласа целото членство на владеачката партија.

Заменик-претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија очекува да се пријават повеќе кандидати за претседател на претстојните внатрепартиски избори кои првпат.

– Се надевам дека ќе има противкандидати со што процесот ќе биде поквалитетен. Ако е само еден кандидат, тоа ќе ја намали важноста на процесот. Подобро е да имаме противкандидати, иако може нема да бидат фаворити, затоа што актуелниот претседател победи на локални избори, на парламентарни, на претседателски избори, рече Шекеринска во Топ Тема на Телма.

Раководството на СДСМ претходно на онлајн конгресот ја промени одлуката за внатрепартиското раководство да се избира преку делегатите и наместо тоа, да гласаат сите членови на партијата.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР