Шестмина приведени во полициската акција во Прилеп

Во големата полициска акција која вчера се спроведуваше во Прилеп, а чија цел беше сузбивање и отркивање на голема дилерска мрежа се уапсени 6 лица. Од МВР велат дека бил извршен претрес на 16 локации во Прилеп каде било одземено одредено количество кокаин, марихуана, пари за кои постојат докази и сомненија дека потекнуваат од продажба на дрогата, три возила, мобилни телефони и други предмети.

Групата била следена подолг период наназад со ПИМ мерки. Одделот за криминалистичка полиција во соработка со ОВР – Прилеп, а по насоки дадени од страна на Јавниот обвинител од Прилеп, од септември 2020 година, ја спроведувал криминалистичка истрага за повеќе лица за кои имало сомненија дека се инволвирани во недозволена продажба на хероин, кокаин марихуана и амфетамин на подрачјето на Прилеп.

Досега, заедно со овие 6 мина од вчера, како дел од оваа голема акцијата вкупно се уапсени 16 лица, за кои биле обезбедени докази дека се дел од криминалната група.

Она што привлекува најголем интерес во овој случај е тоа што дилерите биле поврзани со полицајци кои соработувале со нив. Полицајците иако знаеле за овој криминал и продажбата на дрогата тие не превземале ништо.

„Се разбира истрагата продолжува особено и во насока на инволвираност на полициски службеници кои што се инволвирани, односно соработувале со оваа криминална група. Во вчерашните прииведени нема полициски службениик, но како што реков имаме веќе обезбедено докази за поврзаност на полициискии службеници со овие криминални структури и се разбира во наредниот период ќе работиме на тоа да има кривична одговорност и за нив“, истакна Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Денеска 6 мината упасени ќе бидат предадени на Јавен обвинител, а потоа ќе бидат изнесени и пред судот. Според неофицијални информации осомничени се околу 20-тина лица од Прилеп дека биле дел од нелегалната трговија со дрога.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР