404 нови случаи со Ковид-19, починати осум лица

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.599, бројката на оздравени пациенти е 83.735, на починати е 2.916, а бројот на активни случаи изнесува 7.948.

Во последните 24 часа се направени 2.727 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 180, Охрид – 32 , Кавадарци -19, Куманово – 16, Битола ,Струмица и Струга по 15, Прилеп – 11, Тетово -10 , Велес – 9, Штип – 8, Дебар и Ресен по 7, Кочани, Гевгелија и Делчево по 6, Гостивар – 5 , Кичево, Неготино, Крива Паланка, Радовиш, Берово, Пробиштип и Валандово по 4, , Крушево – 2 , Свети Николе, Демир Хисар , Македонски Брод , Кратово, Македонска Каменица и Дојран по 1.

Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се 101 оздравени пациенти,а пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се 2 пациенти од Скопје(53, 60г), по еден смртен случај е регистриран од Штип (70г), Струга (88г), Струмица (55г), Дебар (67г), Радовиш(79г) и Берово (83г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.599, бројката на оздравени пациенти е 83.735, на починати е 2.916, а бројот на активни случаи изнесува 7.948.

Досега во земјата се направени вкупно 468.845 тестирања на Ковид-19.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР