По 11 месеци прекин повторно ќе се лета на релација Атина-Скопје

Летовите меѓу Атина и Скопје почнуваат по 15 февруари по 11 месеци прекин поради пандемијата, соопшти грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“.

Според претставувањето на плановите за обнова на линиите со одредени земји од поранешна Југославија, превозникот таму планира да ги врати летовите меѓу Атина и Скопје во следните 10 денови, а ќе се лета два пати неделно со авион од типот „АТР42“.

Воздушната врска помеѓу двата главни градови беше суспендирана на почетокот на ковид пандемијата лани во март.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР