СДСМ: Агендата на Мицкоски е антидржавна, спротивна на интересот на граѓаните, но воедно и целосно неуспешна

Агендата на Хријан Мицкоски е антидржавна, тој постојано нешто блокира, кочи, саботира.

Додека СДСМ води и турка напред Мицкоски кочи и влече наназад. Додека СДСМ работеше на решавање на најкрупните прашања кои со децении ја влечеа нашата држава надолу, Мицкоски работеше против успехот на сопствената татковина. Се обиде да ги закочи процесите за членство во НАТО и ЕУ, работеше против Преспанскиот договор и не аплаудираше на стратешкиот успех: членството во НАТО. 

Додека СДСМ, преку институциите, заедно со здравствените работници, се бореше против ковид пандемијата во земјата Мицкоски го поткопуваше здравствениот систем, ширеше лаги и го загрозуваше здравјето на граѓаните. 

Додека СДСМ, зедно со граѓаните и прогресивните сили се бореше за правда и судска разрешница на предметите од СЈО, Мицкоски остана во одрбана на криминалот на режимот и работеше против новиот Закон за ЈО. 

Додека СДСМ и покрај довербата кај граѓаните се менува, се демократизира, подобрува, ВМРО-ДПМНЕ останува целосно заглавена во режимската матрица.

Се е исто во ВМРО-ДПМНЕ. 

Затоа СДСМ победува а Мицкоски губи, 6 пати по ред, засега.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР