Со Кејн работите се поинакви – Тотенхем го прекина „постот“

По три порази во низа во Премиер лигата, Тотенхем, освежени по враќањето на Хери Кејн стигнаа до тешко извојувана 2:0 победа над Вест Бромвич Албион на Сем Алардајс.

Жозе Мурињо беше под притисок за резултат по поразите од Ливерпул, Брајтон и Челси, но првото полувреме не ветуваше многу, откако ВБА играше „бункер“ во обид да стигна до драгоцен бод во борбата за обезбедување на опстанок.

Повратникот во тимот, Хери Кејн, ја покажа својата вредност, кога прво во 54. минута ги донесе Спарси во водство, за четири минути подоцна да биде дел од акцијата по која Сон Хеунг-Мин го удвои водството и донесе три поени.

Со овој гол, Кејн се израмни на второто место со Боби Смит со 208 гола во дресот на Тотенхем, и само Џими Гривс (266) е пред него.

Тотенхем скокна на седмото место на табелата со 36 поени, еден поен зад шестопласираните Евертон, додека Вест Бром останува на претпоследното место на табелата со 12 поени, дури девет под безбедната зона.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР