Тачи ќе можe да гласа од притвор во Хаг

Поранешните началници и членови на ОВК притворени во Хаг ќе имаат можност да гласаат на претстојните парламентарни избори во Косово. Тоа му било потврдено на Танјуг во Специјализираните совети на Косово со седиште во Хаг.

„Специјализираниот совет, во соодветните законски рамки, ќе им помогне на затворениците да го искористат своето право на глас на претстојните избори“, изјавил судот. Изборите на Косово е закажани за следната недела, на 14 февруари.

Од притворот во Хаг ќе можат да гласаат: поранешниот претседател на Косово и поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи, како и Јакуп Красниќи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Салих Мустафа.Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото во Косово во 1998 и 1999 година.

Право на глас од притвор ќе имаат и Хисни Гукати и Насим Харадинај, кои како претседател и потпретседател на Здружението на воени ветерани на ОВК, беа обвинети за заплашување на сведоците со објавување на нивниот идентитет пред јавноста.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР