Хјундаи префрла дел од своето производство од САД во Јужна Кореја

Јужнокорејската компанија „Хјундаи“ одлучи да повлече дел од своето производство од САД и да го врати во земјата, со цел да ја задржи работната сила во своите матични погони.

Во согласност со договорот меѓу Дирекцијата за производство на автомобили на Јужна Кореја и синдикатот на работниците, производството на околу 70.000 модели на автомобили „Соната“ и „Аванта“ за првпат ќе се премести од Алабама, во САД, во јужнокотрејскиот град Улсан, каде е седиштето на компанијата, пренесува агенцијата Јонхап.

Компанијата, сепак, ќе префрли дел од своето производството на СУВ-от „Таксон“ од Улсан во Алабама бидејќи во погонот во матичниот град од крајот на минатата година почна со производството на новиот теренец, моделот „Џенесис ГВ70“.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР