Бајден вели дека мали се шансите до летоска да има колективен имунитет, најави масовна вакцинација на стадиони

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе биде тешко за САД да постигнат имунитет на стадо до крајот на летото.

Тој имунитет значи дека најмалку 75 проценти од населението е вакцинирано против коронавирусот.

Бајден за Си-би-ес оцени дека е тешко да се реализира идејата САД да постигнат колективен имунитет пред крајот на летото, пренесува „Гардијан“.

Тој исто така рече дека неговата администрација има намера да го прифати предлогот на Националната фудбалска лига (НФЛ) за масовна вакцинација против коронавирус на стадионите на клубовите за американски фудбал.

Седум стадиони во НФЛ веќе се користени за вакцинирање, а комесарот за НФЛ, Роџер Гудел, на почетокот на оваа недела испрати писмо до Бајден во кое ги нуди преостанатите 23 стадиони.

Според Центрите за контрола и превенција на болести, САД досега дале 41.210.937 дози вакцина против Ковид-19 и дистрибуирале 59.307.800 дози.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР